Јавен повик бр. 10


за маркетинг агенции за подготовка на промотивен материјал, промотивни активности и маркетинг линкови за продажба на сок од јаболка кој е дел од интеревенцијата во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“
Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.
Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од маркетинг агенции за подготовка на промотивен материјал, промотивни активности и маркетинг линкови за продажба на сок од јаболка кој е дел од интеревенцијата во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.
Условите за апликации се наведени во ToR кој е дел од повикот
Сите заинтересирани компании треба да достават наведените документи за апликацијата на двата еmail angela.samardzik@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 9.09. 2022 (петок) со назнака: „НФФ повик marketing agencii”.
Специфични задачи и резултати за експертизата на маркетинг агенција се:
• Изработка на Фејсбук страница и одржување на Фејсбук страницата 2 (два) месеци
• Дизајн и печатење на roll банери 100×200 cm, со алуминиумска конструкција, печатени во фото квалитет со висока резолуција. Количина 2.
• Дизајн и испорака на промотивен штанд. Количина 1.
• Дизајн и печатење на Постер, B2, 50X70, печатен во биомат хартија. Количина 10.
• Дизајн и печатење на флаер, А5, двострано печатење. Количина 1000.
• Дизајн и печатење на етикети со сок од јаболко. Вид на хартија-муфлон. Количина 5000 парчиња.
• Изработка на професионални фотографии и видео клипови од сок од јаболко за промотивни цели на социјалните мрежи
• Организирање дегустација во три кафе барови/ресторани
Барања за квалификација
Задолжителни технички критериуми:
• Минимум 5 години професионално искуство во промоција и маркетинг, медиуми и организација на настани
• Портфолио на извршување на 5 слични задачи
Процедура за аплицирање:
Компаниите за овој ToR треба да ги достават следните документи:
• Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работа на претходни слични ангажмани)
• Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во денари со вклучен ДДВ.
• Тековна состојба на компанијата издадена од Централниот регистар на РСМ, не постара од 6 месеци

•Потпишана Декларација за непостоење на конфликт на интереси

Евалуација на понудите:
Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:
Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на пондерирана бодување за да се оцени комбинацијата од заднината на компанијата, портфолиото и претходната работа на слични задачи (60%) и финансиската понуда/предлог (40%).
Услови на плаќање
Надоместокот за овој ангажман е наведен во Дел II-Цел на задачата во Референтните проектни активности и буџетски линии.
Плаќањето ќе биде 30% при потпишување на договорот и 70% при испорака на сите задачи, испораки и извештај до Националната федерација на фармери.
Декларација
Добавувачот ќе опише дали нивната компанија/вработени имаат деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и We Effect, нејзината регионална канцеларија во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на Клиентот.
Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Декларацијата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нејзината релевантност според условите на отворениот пазар.

ToR expertise marketing agency
Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД