Националната федерација на фармери организира теренска посета на овчарската фарма на семејството Пармачки во беровското село Будинарци. На фармата присуствува министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и претставници од институции. Целта на посетата е на фармата да се види начинот на земјоделското дејствување и производство и животот во руралните средини. Ваквите директни средби помагаат во процесите на лобирање и креирање на политики за развој на земјоделството и руралните средини.

Семејството Пармачки,  во населеното место Будинарци, Беровско, започнале со 20 грла овци , за денес нивниот број стане 600 грла. Сите членови во семејството се вклучени во работата, за која велат  дека воопшто не е лесна, но  со многу труд и работа, резултатите се видливи.

Вангелина Пармачка е регистрирана земјоделка која цел живот се занимава со производство на сирење. Таа е една од активистките во Националната федерација на фармери која учествуваше во процесот на креирање на мерката 115 од Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој и воедно од оваа група жени, членки во Будинарци е тотикнат процесот за решавање на долгогодишниот проблем за регистрираните земјоделци да остварат право на на платено родителско отсуство и боледување.