Теренска посета и презентација на активностите на Националната федерација на фармери пред со претставниците на SidaCIVSAM, програмскиот специјалист Аса Нилсон и финансискиот контролор Стафан Шелин и Шведската организација за развој We Effect.

Претставниците на Sida и We Effect присуствуваа на брифингот со работната група за изнаоѓање правни механизми за регистрираните земјоделци и земјоделки за да остварат право на породилно и боледување, која е формирана од Националната федерација на фармери во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство,шумарство и водостошанство и Министерството за здравство.

Формирањето на оваа група беше резултат на ангажманот и лобирањето на НФФ за подобрување на професионалниот статус на регистрираните земјоделци и развој на земјоделството за доходовна професија.
Во текот на посетата со нашите гости е реализирана и теренска посета во село Р’жаничино на фармата на Зорица Димовска. Димовска посетува мала сточарска фарма и со која произведува млеко и го дава во скопска млекара. Освен што сама ја води фармата, Зорица сама се грижи и за својата болна мајка и сестра.
Во моментов таа инвестира во формирање на поголема фарма со мал капацитет за преработка на млеко, а како членка на НФФ добива поддршка во административниот процес за аплицирање за државен грант преку т.н. Мерка 115 за руралните жени.

Токму и во самата објава на We Effect e потенцирано: Овде е важно да се спомене дека Мерката 115 е реализирана како резултат на силно лобирање на нашата партнер организација НФФ за поддршка на активен женски член во земјоделско стопанство. Мерката им овозможува на руралните жени, преку претприемачки активности, да можат да развијат сопствен земјоделски бизнис и на тој начин да обезбедат поголеми приходи за своите семејства, но уште поважно економска независност за себе.

И во овој контекст, приказната на Зорица е цврст пример дека единствениот пат напред за руралните жени е нивното економско зајакнување!