Национална федерација на фармери во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во рамките на проектот за поддршка на малите земјоделци, организира работилница за евалуација на резултатите и предизвиците.

Со проектот Поддршка на малите земјоделци во периодот 2020-2021 беа опфатени 7 локални здруженија и задруги во 7 региони во државата во неколку земјоделски потсектори. Проектот обезбеди опрема за унапредување на пост-бербените процеси и додавање вредност во производството, за полесен пристап до пазарите и зголемени приходи за малите земјоделци. Преку компонентата за едукација и информирање, учесниците добија обука за задругарството и различните форми на здружување, како и за маркетинг и брендирање на производите од страна на двајца преставници од МЗШВ кои ја следеа обуката на овие теми во Јапонија и претставник од НФФ кој следеше обука преку zoom.

Дополнително НФФ во соработка со JICA изготви прирачник од работилниците, правилник за оператор со храна од куќен праг, согласно АХВ, какои и Информативен билтен од активностите.

Постигнатите резултати во услови на криза во изминатите две години се важен пример да се покаже како малиот земјоделец може да се помогне во подобрување на својата работа и својот живот преку поддршката во земјоделството.

На самата работилница учесниците укажаа за примената и помошта на опремата која ја добија од JICA и потенцираа дека понатаму треба да се работи на јакнење на нивните вештини за претприемништво, маркетинг и ја нагласија потребата од сезонска работна сила во земјоделството и наводнување.