Продажбен саем во Велес на зеленчукови производи, произведени од лицата со попречености и нивните семејства кои живеат во руралните средини.

Активноста е дел до проектот „Од попреченост до обезбеденост со храна “(From Disability to FoodAbility), имплементиран од Националната федерација на фармери со подршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen.

Овој проект ги отвори круцијалните прашања за развој на општеството, за коишто има решенија. Во рамкте на проектот се поддржани 28 семејства од рурални средини кои имаат лица со попреченост во семејството, на кои што од овој проект им се обезбедени пластеници за современо производство на храна. Ваквата поддршка претставува извор на егзистенција за овие ранливи семејства. Истовремено, реконструирани се 2 сточарски фарми на две семејства, чиј главен извор на приход е сточарството. Направени се стручни и директни советувања за производство на семејствата.

Лицата со попречености не треба да бидат заборавени, невидливи, дискриминирани. Тие се дел од оваа општество и треба да имаат еднакви можности како сите нас.

Решавањето на проблемите на лицата со попреченост од руралните средини, се темелот на едно стабилно и солидарно општество.

Никој да не остане заборавен!