Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на кофацилитатор во рамките на имплементација на планирани активности во проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.  Ангажманот на кофацилитаторот е 70% ангажман од работното време за период од  9.04.2022 до 30.04.2022 и 100 % ангажираност од 1 мај до 31 декември 2022 . Овластувањата и одговорностите се наведени во Terms of references, наведен во самиот оглас на англиски јазик.

Условите за апликации се наведени во ToR кој е дел од повикот

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија), понуда за плата  и да ја потпишат декларацијата која е дел од повикот. Сите документи да ги испратат на двата e-mail vidanka.martinovska@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk  најдоцна до 4.04.2022 со назнака: „za aplikacija cofacilitator”.

Co-Facilitator NFF IISEE 2022
Декларација за непостоење на конфликт на интереси (3)