Бизнис планирање, бизнис потреба за развој на бизнисот. Под поимот Бизнис се подразбира организиран напор (работна активност) на поединец или група на луѓе со цел да се произведе и продаде некое добро или услуга со што ќе се задоволи нечија желба или потреба или ќе реши нечиј проблем, а притоа да се оствари профит. Бизнисот зависи од профитот. Доколку постои можност за остварување на профит, ќе постои и можност за водење на бизнис. На овие теми се разговара на денешната online обука која се организир во рамките на интервенцијата „Намалување на невработеноста на младите од руралните средини со диверзификација на можностите за вработување “која Националната федерација на фармери ја спроведува заедно со интервентниот партнер ЈГПБР МЕДЕН ИСТОК од Кочани во рамките на проектот„Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Sida. Обуката е реализирана од маркетинг агенцијата UnaLogica