Националната федерација на фармери присуствуваше на отворањето на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржува во резиденцијата на ЕУ и е организирана од страна на Мисијата на ЕУ во државата. Главната тема на изложбата е спречување на колапсот на биодиверзитетот што е меѓу основните цели на Европскиот зелен договор.Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска ја отворија изложбата „Розови тигри и златни гуштери и сè друго“ во резиденцијата на ЕУ.Од страна на НФФ присуствуваа Васка Мојсовска, претседателка на Федерацијата и Стеван Орозовиќ, извршен директор на организацијата.Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 20 мај 2022 година. Резервација на време за посета и бесплатни билети може да се добијат преку Фејсбук страницата „ЕУ за Култура“.