Едукативна средба за договорното производство во рамки на интервенцијата „Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ која ја спроведува  Националната федерација на фармери (НФФ),во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан  од Шведската организација за развој We Effect и  Sida. Со воспоставувањето на договорно производство, производителите на јаболка, меѓу другото, ќе ја зајакнат соработката со откупувачот и ќе имаат сигурен пазар за својот производ. Тоа ќе придонесе кон намалување на ризиците во поглед на продажбата и истовремено откупувачите ќе ги задоволат своите потреби за квалитетен производ. Со договорното производство е организирано земјоделско производство врз основа на договор.