Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Основната цел на оваа набавка е ангажирање на компанија за дизајнирање и печатење на промотивни и информативни материјали (торби за пазарење, маици, банер, годишен извештај за НФФ и Мултидимензионална анализа на сиромаштијата) во рамки на проектот    „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

.

Специфичните испораки на компанијата се детално опишани во табелата подолу:

Техничка спецификација
 ПродуктТехничка спецификацијаКоличинаУслуга
1Годишен извештај на НФФ за 2021 година (буџетска линија 4.5.1.3.1)Дизајн и печатење прирачник во две бои, формат B5, вкупно 16 страници, двострано печатење, на англиски јазик од едната и на македонски јазик од другата страна1000  Дизајн и печатење
2Маици (буџетска линија 4.5.1.4.1Бели маици (големина L) со испечатен слоган во  боја  „Купувајте домашни земјоделски производи“ и лого на NFF и We effect200Дизајн и печатење
3Торби за пазарење (буџетска линија 4.5.1.4.2)Платнени торби со   слоган во боја „Купувајте домашни земјоделски производи“ и лого на   НФФ и We effect300  Дизајн и печатење
4Банер за кампања (буџетска линија 4.5.1.4.3)Рол Банер во ролна со димензии, должина 2м и ширина 1м1Дизајн и печатење
5Мултидимензионална анализа за сиромаштија (буџетска линија 4.5.4.1.2)Дизајн и печатење на прирачник во боја на Мултидимензионална анализа за сиромаштија, формат А4, вкупно 44 страници на македонски јазик и дизајн на Мултидимензионална анализа за сиромаштија на англиски јазик300  Дизајн и печатење

Очекувано времетраење на договорот

Добавувачот ќе има договор од 14 февруари до 30 март 2022 година.

Задолжителни технички критериуми:

Компаниите за овој Повик треба да ги достават следните документи:

• Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работа на претходни слични ангажмани)

• Тековна состојба на компанијата издадена од Централниот регистар на РСМ, не постара од 6 месеци

• Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ

• Поднесување на  Изјава за непостоење на конфликт на интереси

 Понудите да се достават на е-пошта nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.02.2022 година.

Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Принципот на најдобра парична вредност ќе се земе предвид со одмерување?! на портфолиото на фирмата и претходната работа на слични задачи (40% и финансиската понуда/предлог (60%)

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

ToR-company-for-design-and-print-of-promotional-and-informative-materials-1

Deklaracija-za-nepostoenje-na-konflikt-na-interes