Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажирање на компанија за дизајн и принтање на прирачник за пчеларство во рамките проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

Основна цел на оваа набавка е ангажирање на фирма за дизајн и печатење на прирачник/брошура за обука за пчеларство во рамките на Проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“.

Специфики на испораката од страна на фирмата се:

Дизајн и печатење (во 1000 примероци) на прирачник/брошура за пчеларство, А4 формат, целосно во боја, 44 страници.

Очекувано времетраење на договорот:

Договорот со  фирмата за печатење ќе биде склучен од 10-ти февруари до 10-ти март 2022 година.

Фирмите за овој ToR треба да ги достават следните документи:

  • Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работата на претходни слични ангажмани)
  • Тековна состојба на фирмата издадена од Централен  регистар на РСМ, не постар од 6 месеци
  • Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ
  •  Поднесување на  Изјава за непостоење на конфликт на интереси за фирмата  ,  е задолжителна

Доставување на понудата на e-mail адреса.

Понудата да биде комплетирана и испратена на e-mail  nff@nff.org.mk

 и vidanka.martinovska@nff.org.mk, заклучно со 28.02.2022 (петок)

Евалуација на понудите:

Понудите со комплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот, нема да бидат земени в предвид. Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

40% претходна или слична работна задача

60% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

ToR-company-for-print-of-brochure-for-beekeeping-1

Deklaracija-za-nepostoenje-na-konflikt-na-interes