По повод 100 години од постоењето на Филозовскиот факултет во Скопје, Националната федерација на фармери доби благодарница од најстарата високообразовна институција за големата поддршка во реализација на заедничките активности во рамките на   проектот за социо-економско зајакнување на лицата со попреченост  во руралните средини „From Disabilty to FoodAbility“. Проектот се реализира со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проектот „From Disability to Foodability”,се реализира во временски период од јули 2019 до декември 2022 година и е пионерски чекор во државата, кој придонесе да се слушне гласот на најневидливите лица, а тоа се лицата со попречености од руралните средини.

Предвидените проектни активности придонесоа социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна како што се пластениците и градините за производство на зеленчук.

Во име на Националната федерација на фармери благодарницата ја прими Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Ова за нас е големо признание и нашата соработка продолжува со Филозовскиот факултет,We Effect и  Radiohjаlpen во понатамошно дејствување и помагање на лицата со попречености во руралните средини.