Во рамки на проектот за организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарите за малите земјоделци, поддржан од  We Effect и СИДА , Националната федерација на фармери ја  организира  втората обука „Од финансиска писменост до финансиска инклузија“. На  обуката,  проф. д-р Ана Симоновска од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје го презентираше водичот за финансиска писменост и инклузија кој се работеше во рамките на истоимениот проект.  Овој водич,  на земјоделците ќе им помогне во превземањето сигурни чекори во комуникацијата со банките, штедилниците,  при реализација на нивните финансиските инвестирања   во  земјоделството. Водичот ќе биде споделен на сите членови на НФФ.