Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.
Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на IT Експерт за развој на податочни бази, одредување геолокација и контрола на податоци по зададени параметри. Ангажманот започнува од 10.06.2021 до 10.07.2021 со можност за продолжување. Во прилог е даден целиот опис на задолженија.
Обврски
- Креирање на податочни бази
- Одредување на геолокации на микро ниво на територија на РМ
- Контрола на внесени податоци во податочни бази
- Оддржување на податочните бази
- Собирање и проверка на анкетни листови
- Внес на податоци од анкетните листови во податочни бази
- Проверка на внесените податоци
Квалификации:
- Искуство од минимум 5 години со работа со податочни бази и онлајн платформи
- Искуство од минимум 5 години со тестирање и контрола на податоци
- Искуство од минимум 5 години со оддржување на податочни бази
- Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим
- Ефективна комуникација и социјални вештини;
- Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;
Сите заинтересирани кандидати треба да пратат биографија на англиски јазик со основни податоци и искуство .
Биографијата се доставува на двата e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 04.06.2021 (петок) до 15 часот, со назнака: „za IT Ekspert ”. Селектираните кандидати ќе бидат викнати на интервју.
ТоР-IT-Експерт-ФАО
Stay In Touch