Националната федерација на фармери преку своето одделени за лобирање и развој ја следи состојбата со земјишната политика во државата и го разгледа предложениот нов Закон за продажба на земјоделско земјиште. Врз основа на најавите за подготовка на нов Закон за продажба на земјоделското земјиште, Националната федерација на фармери подготви Анализа за импликациите од процесот на продажба на земјодеското земјиште врз земјоделството и руралниот развој. Она што сакаме да потенцираме е дека ние како претсавници на земјоделците и малите земјоделски стопанства од никогаш не сме се согласувале да се донесуваат закони преку кои ќе се врши продажба на земјоделксо земјиште. Не се согласувавме и со донесениот Закон за продажба на земјоделско земјиште во 2013 и сметавме дека тој треба да се укине. Според нас лоша политика е да се   врши продажба на земоделското земјиште и пренамена на земјоделското земјиште во градежно.

Македонија е аграрна држава во која земјоделството треба да се развива. Земјоделското земјиште, како основен и неопходен фактор за производство на земјоделско-прехранбени производи, претставува добро од општ интерес и сите држави во рамките на земјоделските политики, градат посебна земјишна политика со која го заштиуваат и го уредуваат неговото користење пред сè за производство на храна.

Во структурата повеќе од 40% од вкупното обработливо земјиште, и околу 80% од пасиштата се во државна сопственост. Државното земјиште е значаен ресурс кој мора да се чува и управува како „добар домаќин“, затоа што правилното управување ќе ги одреди идните состојби во земјоделството и развојот на руралните средини, а мора да се чува бидејќи ни е наследство од претходните генерации, кое како необновлив ресурс го позајмуваме од следните генерации на кој мораме да им го оставиме во наследство.

Доколку се донесе Закон кој добро не го регулира и заштитува земјоделското земјиште ќе предизвика трајна загуба на овој ресурс за државата, а особено што ова земјиште е со најдобри (консолидирани) парцели, во најголем дел со добра инфраструктура (подигната со средства од поранешниот т.н. општествен капитал), како и со добар квалитет на почвите. Најавите дека ќе бидат продавани само крупни парцели, ќе ги стави семејните земјоделски стопанства во подредена положба, со оглед дека тие се со слаб инвестиционен капацитет и со мала можност за подигање на кредити за купување на земјиштето. Во таков случај ова на долг рок може да предизвика нивно постепено напуштање на земјоделството и на руралните средини.

До 2013 година, моделот на управување со ова земјиште беше исклучиво преку негово издавање под закуп или пак на плодоуживање со цел користење за земјоделско производство. Националната федерација на фармери смета дека државното земјиште треба да се дава само под концесија или закуп а да не се продава.

Семејните земјоделски стопанства, како дел од земјоделската структура имаат ниска доходовност и мала акумулативна способност. Семејните земјоделски стопанства имаат мала можност за инвестирање и би биле ограничени во можноста да учествуваат во повици за купување на земјоделско земјиште.

Поради неможноста семејните земјоделски стопанства да инвестираат, во купувањето на државното земјиште доминантна улога ќе имаат правните лица – компаниите. Во анализата на Националната федерација н афармери која е подготвена од експерти кои долг период се занимаваат со анализа за земјишната политка се дефинирани следните негативни аспекти од кои ќе наведеме само неколку:

  • Дел од земјоделците кои досега користеле инфраструктура поставена на државно земјоделско земјиште можат да го загубат тоа право, со што ќе им се отежне пристапот до нивни земјишни парцели;
  • Доколку се случи продажба во која постојат нерасчистени односи постои закана од судски постапки, дури и проблем за тие што ќе го купат ова земјиште;
  • Се поставува прашањето дали може да дојде до изигрување на целиот концепт во кои домашни физички и правни лица би купувале земјиште во име на други (домашни или странски) кои сега не ги исполнуваат условите, за после осум години да им го преведат во нивна сопственост;
  • При продажба на земјоделското земјиште каде државата ќе нема можност да влијае на деловните одлуки во производството.
  • Се нарушувал балансот на производството и поседот на земјиштето (и на приватното), во насока на покрупните стопанства, со што ќе се менува и социо-економската структура на руралните средини, со напуштање на земјоделството од малите семејни стопанства, се до нивно напуштање на овие средини; 
  • Можност да се случи процесот на т.н. “land grabbing”, или  „грабање на земја“ кој од 2008 година станува под сериозни обсервации и анализи на научната и стручна јавност низ целиот свет, како негативен процес и сериозна закана по традиционалното земјоделство. Има се поголеми сознанија и докази што упатуваат дека влијанијата на „грабањето на земјиштето“ има многу негативно влијание врз руралните средини, населението во нив и врз екосистемите.
  • Цената по која ќе се продава земјиштето исто така претставува дилема; Ваквите цени дадени во новиот закон за продажба на земјоделско земјиште од 1 евро, па надолу само го потикнуваат процесот на „грабање на земја“.
  • Како значајно е да се постави и прашањето за тоа за што ќе се користат  средствата од продажбата на државното земјоделско земјиште. Ако се користат за покривање на тековни трошоци на буџетот на државата, тогаш покажуваме дека не сме зрела и домаќинска држава, која за ништо продава нешто многу вредно. 

Предлог модел во насока да се даде придонес кон градење на успешен модел за управување со земјоделското земјиште се даваат следните укажувања:

  • Да се воспостави инструмент, односно да се формира посебна институција. Фонд за управување со државното земјоделско земјиште, што постоел и не ретко кај земјоделците одомаќен збор за државното земјоделско земјиште е дека тоа е „фондово“;
  • Фондот би ја имал функцијата на извршен орган за спроведување на сите мерки и активности на земјишната политика, која треба да биде креирана од МЗШВ;
  • Под итно да се изработи земјишен регистар;
  • Да се воспостави принцип дека средствата од продажбата ќе бидат строго наменети за откуп на приватно земјоделско земјиште кое ќе биде преведувано во државно.
  • За да се надминат можностите за злоупотреби преку препродажба на купеното државно земјоделско земјиште, да се утврди норма дека таквото земјиште може да се продаде само на Фондот;
  • Злоупотребите со купување на државно земјоделско земјиште на атрактивни локации каде се очекува тоа земјиште да премине во градежно, да се превенира со норма дека државно земјоделско земјиште кое се граничи со линијата на урбанистичките планови  не може да се продава. Исто таква норма да се примени и за државно земјоделско земјиште кое се наоѓа во крајбрежниот појас на езерата, националните паркови, како и други атрактивни локации кои лесно можат да бидат искористени за градба на туристички објекти и викенд населби;
  • Со цел да се поддржат семејните земјоделски стопанства предност во купувањето да имаат тие што се со место на постојано живеење во таа катастарска општина. За овие стопанства да се предвиди јавно наддавање со физичко присуство, а износот може да го плати на рати во рок од десет години;
  • Да се утврдат олеснувања за семејни земјоделски стопанства во неразвиени подрачја и подрачја со отежнати услови за земјоделско производство, како и стопанства каде носител на стопанството е млад земјоделец или жена земјоделец;
  • При продажба на земјиште кое не се обработува (запуштено во подолг период), да се предвиди грејс период за плаќањето, кое ќе му помогне на купувачот да тоа земјиште го стави во функција на производство;
  • При продажба на поголеми парцели на физички или правни лица, да се предвиди дека постоечката инфраструктура на парцелата (пристапен пат до соседни парцели, користење на каналска мрежа од систем за наводнување), без ограничување ќе може да биде користена од сопствениците на околните парцели.