Националната федерација на фармери преку ЗУМ конференција на 22.04.2021 ќе ја оддржа редовната седница на Годишното Собрание на организацијата. Оваа година собранието избира нов управен одбор и воедно на самата седница се разгледуваат сите потребни документи, извештаи за активности кои Федерацијата ги реализира во 2020 и кои активности планира да ги реализира во 2021 година. На свечениот дел на собранието ќе се обрати Васка Мојсовска претседателка на НФФ; Аријанит Хоџа министер за земјоделство шумарство и водостопанство и Аннели Лејна, директорка на регионот Европа за We Effect (Шведска организација за развој) и ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Институционална поддршка на НФФ“ подржан од We Effect.