16.03.2021

Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјални и културни интереси и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој.

Цел на набавката
Целта на набавката е изработка на информатички, едукативен и промотивен материјал на Националната федерација на фармери и проектот “Институционална поддршка на НФФ” и предвидените активности. Националната федерација на фармерите ја елаборира следната листа на набавка со цел да се организира набавката. Набавката е дел од Оперативниот план на НФФ и на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ во согласност со буџетот на проектот за 2020, според Договорот НФФ и We Effect, проект број P9401, потпишан и важечки од 21.12.2018 година, заведен под архивски број на НФФ 01-289 / 2018.
Јавниот повик се спроведува согласно правилата за набавка на добра и услуги на We Effect.

Критериуми за избор на најповолна понуда
Во процедурата за избор ќе се применува критериумот најдобра вредност ( сооднос на цена/квалитет)

Очекувани резултати
Целосна, безусловна и навремена испорака на производите и услугите.

Начин и рок на доставување на понудите
Понудувачите да ги достават своите понуди и портфолио на компанијата по електронски пат со испраќање на понудата на следните две е-маил адреси истовремено:
vidanka.martinovska@nff.org.mk и bobi.djokovic@nff.org.mk

Рокот на доставување на понудите е најдоцна до 22.03.2021 година, 14:00 часот

Понудите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на Огласот, како и оние кои немаат доставено целосна понуда која се бара во Огласот, нема да се разгледуваат.

Договорот кој ќе биде склучен со добавувачот ќе се применува и ќе важи до 1.12.2022 година

javen-povik-br-2-za-kompanija-za-printanje-koregiran