Денес посетени семејствата кои имаат лица со попречености од кочанските села Соколарци, Спанчево, Зрновци и Кнежје и кои добија пластеници преку проектот From Disability to FoodAbility, имплементиран од Националната федерација на фармери, а поддржан од We Effect и Radiohjalpen. Нашите претставници Иван Вангелов член на УО на НФФ и Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ ги посетија семејстават на кои им ги дадоа на користење пластениците и системите капка по капка.