Датум на објавување на повикот 30.09.2020 година

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Националната федерција на фармери (НФФ) е здружение за земјоделскиразвој кое ги застапува земјоделците од сите региони на национално ниво и од сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културните интереси на фармерите и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет на земјоделството и руралниот развој.

Во периодот од јули 2019 до јуни 2021 година Националната федерација на фармери го имплементира проектот за социо-економско зајакнување на лица со попреченост од руралните средини “From Disability to FoodAbility” со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen (Radio Aid Шведска). Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост, во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. 

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост – и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и прилагодувања во начинот на производство на храна, како што се пластениците и градините за производство на зеленчук.

Семејствата ќе бидат насочени кон производство на производи со додадена вредност (еколошки, преработени) со можност за производство во текот на целата година. Производите ќе бидат наменети за членовите на семејствата со што ќе се обезбеди храна и можност за дополнителни приходи преку продажба на вишокот производи.

Набавувач на услугите: Здружение за земјоделски развој Национална федерација на фармери, со седиште на улица „Гиго Михајловски“, бр. 4/1-1, 1000 Скопје.

Предмет на набавка: Набавка на услуги за потребите на проектот “From Disability to FoodAbility” кој го спроведува Националната федерација на фармери. Детален опис на предметот на набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на овој повик.

ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА

Право на учество:

Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице кое на пазарот или во постапката за набавка го нуди предметот на набавка.

Услови кои треба да ги исполнува понудувачот се:

  1. минимум 3 години работно искуство, и
  2. минимум годишни приходи од 2.000.000 МКД остварени во последната година.

Предметот на набавка е делив. Правното лице може да поднесе понуда само за реконструкција на фарма на една од локациите на предметот на испорака или за реконструкција на фарма на двете наведени локации во предметот на испорака.

Трошоци за поднесување на понуда

Понудувачот ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата.

Цена на понудата:

Во цената на понудата треба да се вметнати сите трошоци и вкупната цена на понудата со вклучено ДДВ, во денари, согласно образецот за финансиска понуда којшто е составен дел на повикот.

Корекција на цени:

При реализација на договорот за набавка, не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за набавка.

Рок на извршување на услугите/работите:

Реализацијата на услугите/работите наведени во техничката спецификација да биде во рок од 30 календарски денови од потпишување на договорот.

Начин на плаќање:

Националната федерација на фармери со избраниот правен субјект ќе склучи Договор за набавка.

Плаќањето ќе се врши вирмански по доставена фактура до седиштето на Националната федерација на фармери.

Исплата ќе биде на две рати и тоа:

  • прва рата во износ од 30% од понудената и прифатена цена во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на склучување на договорот
  • втора рата во износ од  70% од понудената и прифатена цена во рок од 15 (петнаесет) дена по завршување на ангажманот и одобрување на завршените работи согласно Договорот за набавка

Период на важност на понудата:

Понудата што ќе ја даде понудувачот треба да биде со важност од 30 (триесет) дена.

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Краен рок за доставување на понудите е 13.10.2020 година.

Понудите се доставуваат по електронска пошта (e-mail) на 2 адреси истовремено:

nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk.  

Придружната документација се поднесува во електронска форма најдоцна до крајниот рок, заедно со доставување на понудите.

Понудите испратени по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да бидат разгледувани.

Понудувачите кои се заинтересирани да поднесат понуда ќе добијат појаснувања или одговори на прашања поврзани со предметот на набавка на организиран онлајн состанок за што претходно треба да се обратат на е-маил vidanka.martinovska@nff.org.mk.

ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА

Понудата треба да е составена од следниве елементи:

  1. Техничка понуда

Опис и количина на материјалите кои ќе бидат користени за реконструкција и проширување на фармата,

Биографија и претходно искуство на компанијата, и

Тековна состојба од Централен регистер на РСМ не постара од 6 (шест) месеци.

2. Финансиска понуда

Образец на финансиска понуда (составен дел на повикот).

Критериум за избор на најповолна понуда:


Во процедурата за избор ќе се применуваат следниве критериуми:

·       Претходно искуство и биографија – 10 бодови,

·       Квалитет на понудени материјали – 30 бодови,

·       Цена – 60 бодови.

 Испорака на услугите на предметот на набавката

  • 1. Скопје – Село Долно Количани – реконструкција и проширување на фарма за одгледување на гојни јуниња;
  • 2. Свети Николе – с. Ерџелија – реконструкција и проширување на фарма за одгледување на кози. 

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ФАРМА  село Долно Количани

Во рамките на проектот предвидена е реконструкција на животинскa фармa за гојни јуниња со што ќе се унапредат условите за работа на производителот, а со тоа и условите за индивидуален третман на гојните јуниња, како во делот на исхраната со кабаст и концентриран дел, така и водоснабдувањето по желба на грлата. Постоечката фарма е со димензии 12 метри должина и 5 метри ширина. Правното лице (понудувачот) потребно е да ги набави материјалите и да ги изведе градежните активности според спецификациите наведени во продолжение.

Потребни градежни активности за реконструкција и проширување на објектот:

  • Проширување на објектот за 1 метар во ширина од страна на јаслите за исхрана со што ќе се добие хранидбен ходник;
  • За погоренаведената активност потребно е рушење на ѕидот до јаслите и ископ на насип и темели за новиот ѕид;
  • Отворање на влезна врата во новиот хранидбен ходник;
  • Изградба на нов ѕид во делот на проширувањето;
  • Замена на носечки греди и штафни на покривот;
  • Покривање со нов пластифициран лим;
  • Малтерисување со цеметен малтер на постојни три ѕидови за нивна подолга трајност;
  • Поставување на нова водоводна инсталација и шест поилки; и
  • Бетонирање на новиот хранидбен ходник и горниот дел од јаслите.
  1. Краток преглед на потребен градежен материјал за спроведување на горенаведените градежни активности:Цементен блок 400 парчиња;
  2. Песок (мешан) 16 м3;
  3. Железо 20 парчиња по 12 метри 10″;
  4. Шајки (разни) 5 кг;
  5. Цемент 95 вреќи;
  6. Носечки греди 15 парчиња (12 х 10) по 7 метри должина;
  7. Греди штафни 45 парчиња (8 х 10) по 4 метри должина;
  8. Даски 3 м3;
  9. Пластифициран лим 120 м2;
  10. Врата од железен профил и лим (1 х 2м);
  11. Водоводна инсталација, 20 метри цевка и 6 поилки;
  12. Рушење на ѕид и кров со ископ на насип и темели;
  13. За подобрување на микрокиматските услови потребна е вертикална вентилација или отворање на прозори на новиот ѕид во висина од 1,5 м и една дваесетина од подот на шталата; и
  14. Останат градежен материјал кој не е наведен, но е потребен за целосно спроведување на градежните активности.

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТ И ИЗГРАДБА НА НОВ ОБЈЕКТ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КОЗИ

село Ерџелија

Во рамките на проектот предвидена е реконструкција на козарска фарма преку доградба на нов објект и подобрување на постоечкиот. Целта е да се подобрат зоохигиенските услови за одгледување на козите, со што значително би се подобриле и унапредиле условите за работа на фармата. Постоечката фарма е од тврда градба, изградена од камен, со димензии 8 м должина и 4 м ширина или вкупна површина на ѕиданиот простор е 32 м2. Ѕидовите на објектот од тврда градба се од камен, со ширина од 50 см, со тоа што од сите 4 страни, висината на истите е околу 1,6 м.

Изградбата предвидува:

  • Нов објект: Изградба на нов објект со димензии 6 м должина и 4 м ширина. Објектот од задната (западна) страна треба да е висок 1,6 м, додека од предната страна 3 м. Од предната страна потребно е да се остави на средина простор за врата, со ширина од 2 м. Целиот нов објект треба да е поставен на бетонска цокла со висина од 20 см над земја и 20 см во земја и ширина од 20 см. Овој објект ќе биде продолжение на постоечкиот објект, од северната кон јужната страна на локацијата и ќе биде на една вода. Објектот треба да се соѕида со бетонски блокови со димензии 40 х 20. На северната страна од новиот објект не е потребно да се ѕида нов ѕид, бидејќи ќе се искористи ѕидот од постоечкиот објект.
  • Прозори: На ѕидот од јужната страна на новиот објект, потребно е да се монтира прозор, со димензии 1,2 х 0,5 (должина х ширина).  
  • Вертикални бетонски столбови: Изградба на 5 вертикални бетонски столбови од задната (западна) страна, армирани со метална арматура, дебелина Ф8, со висина 1,6 м (над земја), 20 см (под земја) или вкупно висина од 1,8 м, со димензии 20 х 15 см (ширина х должина).
  • Вертикални бетонски столбови: Изградба на 7 вертикални бетонски столбови од предната (источна) страна, армирани со метална арматура, дебелина Ф8, со висина 3 м (над земја), 20 см (под земја) или вкупно висина од 3,20 м, со димензии 20 х 15 см (ширина х должина).
  • Вертикални бетонски столбови: Изградба на 5 вертикални бетонски столбови од источната страна, армирани со метална арматура, дебелина Ф8, со висина 2,2-2,4м (над земја), 20 см (под земја) или вкупно висина од 2,40-2,60м, со димензии 20 х 15см (ширина х должина),
  • Хоризонтален бетонски цирклаж: Изградба на хоризонтален бетонски цирклаж (трегер) од задната (западна) страна, со вкупна должина од 14 м, армирани со метална арматура, дебелина Ф8, на висина 1,6 м (над земја), со димензии 20 х 15 см (ширина х должина), со цел врзување на 5-те бетонски столбови.
  • Хоризонтален бетонски цирклаж: Изградба на хоризонтален бетонски цирклаж (трегер) од предната (источна) страна, со вкупна должина од 14 м, армирани со метална арматура, дебелина Ф8, на висина 3 м (над земја), со димензии 20 х 15 см (ширина х должина), со цел врзување на 7-те бетонски столбови.
  • Хоризонтален бетонски цирклаж: Изградба на хоризонтален бетонски цирклаж (трегер) од предната (источна) страна, со вкупна должина од 14 м, армирани со метална арматура, дебелина Ф8, на висина 2,2-2,4 (над земја), со димензии 20 х 15 см (ширина х должина), со цел врзување на 5-те бетонски столбови.
  • Покрив: Монтажа на пластифициран лим на покривот, кој треба да биде на две води, со вкупна покривна површина од околу 120 м2, од кои 112 м2 чист простор плус 8 м2 стреи, лево и десно. Од предвидената покривна површина, 14 м должина и 4 м ширина е покривната површина на објектот од цврста града и тоа е една вода, додека другата вода е испустот пред објектот, со димензии исто така од 14 м должина и 4 м ширина.

Покрив од пластифициран лим над објектот од цврста градба, ќе се постави на дрвени надолжни греди (кадрони), со димензии 10х8х4 см. На овие надолжни дрвени греди ќе се постават попречни дрвени греди (штафни) со димензии 5х8 см. Растојанието помеѓу надолжните греди треба да биде 80 см, додека помеѓу штафните 100 см.

Над испусот покривот од лим, ќе се постави исто така на надолжни дрвени греди (кадрони), со димензии 10х8х4 см и растојание помеѓу нив од 80 см. И тука, на овие надолжни дрвени греди, ќе се постават попречни дрвени греди (штафни) со димензии 5х8 см, на растојание од 100 см помеѓу нив.

  • Под: Подот во покриениот објект (од цврста градба), кој изнесува 56 м2, треба да се бетонира со дебелина на слојот од 6 см.
  • Јасли: Изградба на бетонски јасли, во должина од 14 м, на источната страна. Овие јасли треба да бидат на висина од 30 см од земјата, со корисна подна површина од 40 см. Од предната страна на јаслите ќе се изгради бетонски заклон во висина од 30 см, под агол од 140 степени, а од задната страна ќе се монтираат дрвени даски, по чии ивици треба да се монтираат винкли.
  • Покрив над јасли: Покриен дел од лим ќе се монтира над јаслите, кои ќе се изградат на крајната источна страна од локацијата. Овој покриен дел над јаслите треба да биде широк околу 1,5 м, на висина од 1,5 м и ќе биде монтиран на две води (по 0,75 м на секоја вода). Истиот ќе биде фиксиран на бетонски столбови на висина од 1,5 м, во должина од 14 м и димензии 20 х 15 см (должина х ширина). Вкупната површина на овој лимен покрив ќе биде околу 21 м2.
  • Ограда на испуст: Испустот ќе се загради соцокле од јужната страна, во продолжение на ѕидот од цврстиот објект, во должина од 8 м, во висина од 20 см над земја, 20 см во земја и ширина од 20 см. По должината на ова цокле, ќе се постават метални профили, со димензии 3 х 3 см, во висина од 2 м над цоклата, на меѓусебно растојание од 2 м, на кои ќе се постави плетена челична мрежа во висина од 2 м. Мрежата треба да биде оптегната со три реда метална жица (во горниот, средниот и долниот дел), 

Заради оградување на испустот, бетонска цокла ќе се изгради и од северната страна на испустот, во продолжение на северниот ѕид од постоечкиот цврст објект, во должина од 6 м, во висина од 20 см над земја, 20 см во земја и ширина од 20 см. По должината на ова цокла, ќе се постават метални профили во висина од 2 м над цоклата, на меѓусебно растојание од 2 м, на кои ќе се постави плетена челична мрежа во висина од 2 м. Мрежата треба да биде оптегната со три реда метална жица (во горниот, средниот и долниот дел).  

  • Влезна врата: Влезна врата на фармата: На крајот на цоклата од северната страна, ќе се остави простор од 2 м, заради оформување на влезна врата. Влезната врата ќе се постави на два железни профили, и истата ќе се направи од дрвени греди и штици.
Образец-на-финансиска-понуда-za-download-3