Не се плашам од Ковид кризата, но таа е голем проблем за повозрасните жени, кои сега требаa да бидат во пензија, но поради неостварениот стаж не земаат пензија. Е, замислете како им е нив сега. Посебно ми е жал за нив и јас го истакнав  овој проблем во НФФ, каде што заедно со другите членки и голема поддршка на нашата претседателка Мојсовска се бориме овие жени да добијат пензија, потенцира Ружа Стојмилова, членка на Федерацијата

Цела уметност е правењето на домашни јуфки, вели 68-годишната Ружа Стојмилова , која е родена во Скопје, а се омажила во кочански Горни Подлог. Нејзините јуфки се посебни, затоа што ги прави со домашни јајца. Покрај правењето на јуфки има своја градина со различни зеленчуци и заедно со своето семејство се производители на ориз. Земјоделството е длабоко вкоренето во нас и тоа е она што најдобро знаеме да го правиме, вели Ружа. На иницијатива на НФФ со подршка на We Effect формирана е фокус група за правење на јуфки во Горни подлог, каде што се обединети десетина жени кои заеднички прават јуфки.

Јуфкијата 2018 во Јанковец, Ресен во реализација на НФФ. На фотографијата се членките на фокус групата од Горни Подлог

-Работиме неколку жени. Сите имаме  кокошки, па користиме домашни јајца за правење на јуфки. Работиме во двор, имам убава сенка од големата лозница, зашто ако јуфките се сушат директно на сонце, ќе ја изгубат бојата. Откако ќе го направиме тестото лентите ги сечеме со нож, се е рачно, полека, но квалитетно и купувачите го препознаваат. Веќе 4-5 години правиме јуфки и ги продаваме. Можеби не се заработува многу, ама не е ни за потценување. Сега има малку криза со  домашните јајца, но ние успеваме да се снајдеме. Десеттина јајца дневно ги матиме и ставаме во шишиња од зејтин, потоа во фрижидер каде чекаат да бидат употребени за нашите јуфки. Од едно шише со јајца излегуваат 20 кори, објаснува нашата соговорничка, вели Стојмилова .

Јуфкијада 2017 во Горни Подлог во организација на НФФ и фокус групата од Горни подлог

Таа мала критика упатува и кон помладите генерации.

-Младите бираат работа, ретко кој се нафаќа и тера до крај. Но фактот дека имам две помлади жени со мене значи дека сепак има перспектива-, вели Ружа.

Јуфките не се нејзина единствена преокупација. Стојмилова пишува афоризми и поезија, вели бунтовничкиот дух внатре но и смиреноста на карактерот однадвор – го извадиле овој нејзин талент на виделина. Речиси 5 години, на секој 1 април учествува во рамките на афористичката репрезентација на натпреварите што се одржуваат во Кочани и оваа година освои прво место на манифестацијата „Литератопија“.