Пред претставници од различни институции и организации во општината Јегуновце се одржа работилница за примена на пристапот базиран на човековите права за лицата со попреченост. На работилницата беше презентирана и анализата за лицата со попреченост во рурални средини и проектот “From Disability to FoodAbility”. Присутните истакнаа дека капацитетите на дневните центри во овој регион се мали и проектот ќе овозможи поголема работа со лицата со попреченост во руралните средини и размена на информации. Градоначалникот на Јагуновце, Дарко Блажески во своето обраќање истакна дека му е мило што се спроведува ваков проект во неговата општина. Претставник од канцеларијата на Центарот за социјални работи во Јегуновце дека овој проект дава нови можности за лицата со попреченост од руралните средини. Работилницата е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” , кој се имплементира од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.