Eдукацијата „тренери за тренери“ е една од алатките која овозможува практична и интерактивна комуникација и пренесување на едукација и информации. Токму овој пристап започнува да го применува Националната федерација на фармери во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Професорките Александра Мартиноска, Емељ Туна, Ивана Ј. Стаменковска и Ана Котевска од катедрата за агроекономија на Факултетот за земјоделски науки и храна одржаа обука на земјоделци за земјоделската политика на Европската унија, каде што стекнатото знаење фармерите ќе го пренесат на другите членови на НФФ преку 8 работилници, кои ќе се организираат во различни региони во месец март и април. Земјоделците ќе го пренесат знаењето за 4 ЕУ брифинзи :Заедничка земјоделска политика, Мерки на заедничка земјоделска политика, Организации на заеднички пазари, Продуктивноста на фармите во ЕУ. Целта на ЕУ кратките прегледи е поголема информираност на земјоделците и руралното население за ЕУ земјоделската политика, како и користење на анализите во процесот на лобирањето на самата организација. Активноста е дел до Проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржана од Шведската организација за развој We Effect.