Педесетина фармери во организација на Националната федерацијата на фармери по 17 пат присуствуваа на саемот за земјоделство Агротика во Солун, кој е еден од најголемите саеми за земјоделство и механизација во Југо – Источна Европа. На 40 000 метри квадратни 2000 изложувачи од 46 земји во 17 хали  ги имаа изложено своите производи и услуги. Посетителите имаа можност да видат современи земјоделски машини за примарна обработка, како и машини и опрема за пакување на овошје и зеленчук. Ваквите саемски посети НФФ ги организира со цел да се дадат можности на земјоделските производители да видат нови технолошки достигнување, кои се во насока на осовременување на земјоделството.