Поголема инволвираност на жените од руралните средини во креирањето на земјоделските и руралните политики и на локално и на национално ниво“, е една од препораките дадена на денешната едукативна средба за родова еднаквост која се одржа во село Самоков, Македонски Брод. На средбата се дискутираше за човековите права, CEDAW препораките, дискриминација, насилството и стереотипите кои оневозможуваат развој на руралните жени. Руралните жени беа информирани за мерката 115 од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој наменета за жените – носители на земјоделските стопанства и на која може да се аплицира за грант од 3000 евра до 26.12.2019. потенцира дека критериумите на мерката се дефинира од страна на координативната група во МЗШВ во која учествуваат претставници од НФФ,МРР, АПРЗ, МЗШВ, АФПЗРР,МТСП, Факултетот за земјоделски науки и е подржана од UN Women.
Презентери на обуката беа Фросина Ѓеоргиевска, национална координаторка на Мрежата на жени фармери во НФФ, Цана Џуковска контакт лице за НФФ инфо точката во Македонски Брод (локално здружение Поречка Матица). Ѓеоргиеска и Џуковска стекнаа знаење на обука за родова еднаквост организирана од Шведската организација за развој We Effect. Едукативните средби за родова еднаквост се организирани од страна на Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската развојна организација We Effect.