- За организацијата
Националната федерација на фармерите е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори. НФФ има за цел да ги штити економските, социјални и културни интереси и работи на подобрување на пазарните и производствените услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој.
Националната федерација на фармери има потреба од набавка на ново патничко моторно возило.
- Цел на набавката
Главната цел на набавката е ново патничко моторно возило според потребите на Националната федерација на фармери.
Критериуми за понуда
Понудата подготвена од продавачот на возилото треба да ги содржи следниве критериуми. Технички компоненти:
1. Број на врати – 5,
2. Моќност / Максимална сила kW (KS) – Минимум 70KS
3. Потрошувачка во просек (комбинирано) – помалку од 7 литри/100км
4. Вид на гориво – бензин
5. Зафатнина cm3 – минимум 1300
6. Менувач – мануелен
7. Клима уред
Финансиски компоненти:
- Цената мора да се наведе со вклучен ДДВ.
Друга компонента:
1. Наведете го гарантниот период за возилото.
- План за работа и распоред
Краен рок за доставување на понудата е 15.11.2019 год.
Одлуката за проценка на примената понуда ќе биде испратена најдоцна до 25.11.2019 година.
Возилото треба да се достави најдоцна до 20.12.2019 год.
- Временска рамка за плаќање
Договорот и плаќањата ќе се вршат во македонски денари (ден.).
Активности: | Процент: | Датум на плаќање: |
Авансна уплата по потпишувањето договорот | 60% | 27.11.2019 |
Доплата на останатиот дел после доставување на возилото | 40% | 25.12.2019 |
- Декларација за поврзаност
Опишете дали вашата компанија/вработени имаат какви било деловни или лични врски поврзани со Националната федерација на фармери.
- Контакт
Ве молиме, испратете ја вашата понуда со сите придружни документи на следните (е-пошта) адреси за контакт: nff@nff.org.mk и dzejlan.veliu@nff.org.mk или на: Национална федерација на фармери, ул. Гиго Михајловски 4-1/1, Скопје.
Stay In Touch