Депопулацијата на руралните средини е серизна закана за развојот на државата воопшто. Регионот на општина Македонски Брод е еден од најзагрозените региони во Македонија, кој според демографските анализи во следните  25 до 35 години му се заканува опасност да биде избришан од списокот на градови во земјата.

Евидентна е депопулацијата на населението од овој регион, пред сè, поради економски причини. Каде немањето на стратешки пристап на  државата и локалната самоуправа кои треба да создадат услови за подобар и поубав живот на граѓаните и да обезбедат економски развој, со што би се спречило мигрирањето на населението. Ако  на  руралното население   му се обезбеди квалитетен живот, и економски напредок, културни содржини, добро снабдување, квалитетно здравство, спорт, безбеден живот, тоа ќе нема причина да се сели.

Од друга страна немањето на индустриски постројки  поречкиот регион го прави еден од  еколошки најчистите во државата токму затоа  Здружението Поречка Матица кое е член на Националната Федерација на Фармери во центарот на Самоков  ја организираше манифестацијата Поречки фармер 2019 каде на истата земјоделските производители од 33 околни  села имаа можност да ги продаваат своите земјоделски производи. Во рамките на манифестацијата со поддршка на НФФ беше организирана Трибина за намалување на сиромаштијата во руралните средини која беше модерирана од Билјана Дуковска претседател на Македонската платформа за борба против сиромаштијата.