Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи категории, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.
Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на административно- финансиски асистент за имплементација на планираните активности.
Асистентот треба да има:
- Високо образование од областа на економски, правни науки, бизнис администрација и сл;
- Знаење за административно – финансиско работење;
- Познавање на процедурите за јавни набавки;
- Одлични логистички и аналитички вештини;
- Познавање на правниот, сметководствениот и даночниот систем во земјата;
- Вештини за добар однос со клиенти (членство);
- Многу добро познавање на англискиот јазик;
- MS Windows, MS Office компјутерски вештини;
- Возачка дозвола (категорија Б);
Дополнителните вештини од областа на сметководство и финансиско планирање и буџетирање, финансиско известување, анализа на закони и други подзаконски акти посебно се вреднуваат.
Асистентот пожелно е да има искуство во:
- Имплементација на проекти, техники за известување;
- Управување со администрацијата (канцелариски менаџмент, логистика, организирање на настани, одржување на систем за евиденција на документи (архива) во физички и електронски датотеки;
- Пожелно е искуство со јавни набавки и тендери (според македонското законодавство и други насоки од проекти);
- Поддршка на активности (подготовка, одржување на дневник за работа, патни налози, извештаи за патувања, досиеја на вработените, платени одмори, осигурување, одржување на канцелариска опрема и канцелариска библиотека, листи на учесници);
- Пожелно е искуство во анализа на законите, законите и политиките, како и подготвувањето на извештаи;
- Комуникација со различни засегнати страни и активности за членство;
Асистентот мора да биде способен да:
- Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи;
- Работа во атмосфера на родова еднаквост;
- Работа под притисок и краток рок;
- Работа во тим;
Обврките на асистентот опфаќаат:
- Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
- Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
- Подготовка на финансиски извештаи;
- Подготовка на пресметки и буџети;
- Организација и поддршка во спроведување на ревизии;
- Организирање на јавни набавки и тендерски постапки за секаков вид на стоки и услуги;
- Одржување на архивата, како и скенирање и електронска копија на сите документи и оддржување на канцелариската библиотека;
- Организирање и одржување на лични досиеја на вработените;
- Подготвување и одржување на потребната канцелариска документација;
- Подготвува писма, преписки и други форми на комуникација;
- Помош на раководителот на проектот во проектните активности;
- Помош на Менаџерот за членство во организирање настани, комуникација со членовите и промоција на услуги за членство;
- Помош на Извршниот директор во организација на седници на управните одбори, потсекторските групи и Генералното собрание;
Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: nff@nff.org.mk најдоцна до 12.09. 2019 година.
Stay In Touch