Заклочоци од вториот земјоделски форум „Организирано земјоделство до сигурен пласман“ кој е во организација на Националната федерација на фармери со подршка на шведската фондација We Effect:

Економско здружување на земјоделци во задруги и друг тип на производни организации (групи на производители) како начин за зголемена преговарачка моќ и организација на производство и продажбата

Зајакнување на дијалогот со бизнис заедницата,  преку едукација, обука и подобрена ефикасност на постојните пот-секторски групи во МЗШВ како механизам за уредување на земјоделските пазари

Почитување на законскиот модел за договорно производство и гаранции од државата во спроведување на истиот

Усогласување на различните начини на законско дефинирање на исплатата во различните пот-сектори во единствен модел за наплата и облигациони односи кој ќе важи за сите земјоделски пот-сектори подеднакво

 Забрзување на постапката за донесување на правилниците за продажба и ставање во промет на храна од растително и животинско потекло од малите производители (продажба од куќен праг)

Јакнење на инспекцискиот надзор на страна на државата во делот на контрола и мониторинг на откупот