Законските измени на Законот за земјоделско земјиште предвидуваат и нов рок за легализација на бесправно подигнати оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи до 31.07.2020 година, со што се создаваат услови земјоделците тие објекти да ги адаптираат за современо земјоделско производство помош на искористување на европските фондови.

Ова е едно од прифатените барањата доставени од Националната федерација на фармери до МЗШВ откако се објави информацијата за измена на Законот за земјоделско земјиште и кои се дел од истоимениот закон кој помина на владина седница и сега влегува во собраниска процедура, односно треба да се изгласаат од страна на собранието и да почнат да се спроведуваат во пракса.

На самиот почеток сакаме да истакнеме дека овој Закон е посебно значаен за развојот на земјоделството и треба да се насочи кон зачувување на земјоделското земјиште, бидејќи во последните години голем процент на земјоделско плодно земјиште е пренаменето во градежно земјиште.

„Една од причините зошто е направена пренамената е затоа што почнаа да се градат индустриски зони пред неколку години и тоа во рурални средини, што реално и не вродија со голем плод и во делот на вработувањето и во делот на давање на живот на руралните средини и посебно во делот намалување на миграцијата.

Легализација е управна постапка која се спроведува и согласно Закон за земјоделско земјиште за легализација или потврдување на помошен објект, оранжерии и објекти за примарна обработка на земјоделски производи кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште. За жал рокот за поднесување на барање за потврдување на помошен објект, оранжерии и објекти за примарна обработка на земјоделски производи беше продолжен само еднаш и тоа последен пат во 2014 година. Имајќи во предвид дека согласно податоци од терен дури 10% од регистрирани земјоделци не биле навремено информирани и го испуштиле рокот и немаат поднесно барање, се согледува реаланата потреба за имени и дополнување на Законот за земјоделско земјиште.

Другата последица од неподнесени барања за легализација на земјоделско земјиште која исто така е загрижувачка е тоа што земјоделците поради истекот на рокот за легализација на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште го пренаменуваат земјиштето во градежно за да можат да ги легализираат своите помошни објекти согласно Законот за постапување на бесправно изградени објекти.

Во Националната федерација на фармери според нашата евиденција која ја водиме околу 150 фармери во изминатите 3 година изразија жалење и побараа помош за легализација на објекти на земјоделско земјиште, каде што сеуште се отворени постапки и тие процеси не се решени. Националната федерација на фармери смета дека со обновување на постапката за потврдување на објекти и оранжерии бесправно изградени на земјоделксо земјиште ќе се овозможи зачувување на земјоделското земјиште, решавање на проблемот со легализацијата која е во интерес на земјоделците, поголема искористеност на ИПАРД програмата каде што се бара објектите и оранжериите на земоделското земјиште да се легализирани и поттикнување на решавање на имотно – правните односи кои воедно се една од пречките за окрупнување на земјоделеските површини. “ се вели во барањето доставено од Националната федерација на фармери до Министерството за земјоделство