Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-Стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини. Во рамките на своите активности НФФ го издава единственото списание за земјоделство и рурален развој на македонски јазик “Моја Земја” како и регионално списание за Албанија, Косово и Македонија на “Toka Ime“ на албански јазик кое се публикува во електронска форма.
Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на новинар за уредување на текстови и пишување на текстови во регионалното списание Toka Ime во делот на подготовка и организација на текстовите за наведените списание.
Новинарот треба да:
- Има високо образование од областа на новинарство;
- Многу добри организациски вештини;
- Одлично писмени и вербални комуникациски вештини на македонски јазик и пожелно е да знае и албански јазик;
- Просечна работно познавање на англискиот бизнис јазик;
- Добро познавање на Microsoft Office и алатки за управување со проекти;
Новинарот пожелно е да има искуство во:
- Има искуство во новинарството, посебно во печатените медиуми;
- Искуство во подготвка на текстови и прилози од областа на земјоделство и рурален развој;
- Искуство со невладиниот сектор;
- Искуство од работа на терен;
Новинарот мора да биде способен да:
- Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи;
- Работа во атмосфера на родова еднаквост;
- Работа под притисок и краток рок;
- Работа во тим;
Обврките на новинарот опфаќаат:
- Подготовка на текстови и нивно уредување согласно насоките од уредникот;
- Организација на слики и текстови согласно структурата на списанијата;
- Собирање на дополнителни информации и анализи за подготвените прилози;
- Предлози за прилози и стории од областа на земјоделство и рурален равој;
- Теренски посети во руралните средини, фотографирање и интервјуа за подготовка на текстови;
Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 06.05.2019 година.
Stay In Touch