На 27,28,29 и 30 септември се одржува традициоанлнаат манифестација „Денови на Македонскиот мед“ на улица Македонија во Скопје. Пчеларите ги презентираат своите производи на штандови. На улица „Македонија„ беа поставени штандови на пчелари од цела Македонија, на кои на креативен начин беа изложени и презентирани сите можни пчелни прозиводи: мед, матичен млеч, полен и прополис. Посетителите имаат можност да дегустираат мед и да се информираат за лековитите својства на матичниот млеч, поленот и прополисот.
Оценката на пчеларите е дека оваа година е подобра од лани кога имале мало производство на мед.
– Годинава е нешто подобра од минатата година која беше катастрофална во однос на приносите на мед. Медот се продава по унифицирана минимална цена од 400 денари за тегла. Покрај мед ги произведуваме сите производи од пчели, прополис, матичен млеч, сапуни, креми…., вели пчеларот Ванчо Кировски од Кочани кој има над 200 пчелни семејства и е член на УО на НФФ.
Според него, доколку се посветите професионално и ако природата ви е наклонета од пчеларство може многу добро да се живее и да се заработува и со 150 пчелни семејства.

Националната федерација на фармери има свој штанд на манифестацијата за презентирање на своите активности и услуги