Со симболично откинување на првото јаболко на христијанскиот празник Крстовден се означува почетокот на бербата на јаболка во Преспанкиот регион. Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го означи почетокот на годинешната берба на јаболка. Заедно со министерот Николовски присуствуваа евроамбасадорот Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП во Македонија Луиза Витон. На Манифестацијата „Пресански јаболкобер“ беа доделени и награди за најуспешни овоштари, така што најдобра жена-овоштар за 2018 е наградена Виолета Прцуловска, членка на НФФ. На „Преспанскиот јаболкобер“, присуствуваа 2 членови на УО на НФФ, Фросина Георгиевска и Стеванче Јорданоски.