Како Да станам Член на НФФ
Дефиниција на Член
Здружението има Придружни и Редовни Членови. Придружен Член е секој член што платил членарина и што пројавува интерес за земјоделството и рурален развој. Редовен Член е секој член што задоволува одредени критериуми кои ги утврдува организацијата јавно и транспарентно објавени. Редовните членови имаат право да избираат членови на органите на Здружението, да бидат избирани како членови на органите на Здружението и да учествуваат во Генералното собрание. Здружението има Два типа на Редовни и Придружни членови: Групни членови се земјоделски здруженија, регионални и национални сојузи, земјоделски задруги или трговски друштва и земјоделски стопанства во земјоделскиот сектор Индивидуален член би можел да биде секој жител на РМ инволвиран во земјоделството.Должности, обврски и придобивки од членството
Членовите ги имаат следните Должности и Обврски:
- Да покажуваат солидарност кон другите членови;
- Да се придружуваат на и да го почитуваат Статутот на Здружението;
- Да работат активно на постигнување на мисијата, општите и специфичните цели на Здружението;
- Да плаќаат чланарина;
- Редовните членови имаат право да избираат раководни органи;
- Редовните членови имаат право да бидат избрани во раководните органи;
- Редовните членови имаат право на глас и одлучување во име на Здружението;
- Редовните и Придружните членови имаат право за учество во една од двете посебно развиени социјални мрежи (Мрежа на Жени Фармери и Мрежа на Млади Фармери);
- Редовните и Придружните членови имаат право на користење на услугите за членови кои повремено ги развива и нуди Здружението;
- Редовните и Придружните членови имаат право на учество на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео презентации кои ги нуди Здружението;
- Редовните и Придружните членови имаат право на користење на резултатите од истражувањата и другите резултати на стручните тимови на Здружението во областите за технички, финансиски, правни и маркетинг услуги;
- Редовните и Придружните членови имаат право за други придобивки кои повремено ги одредува Генералното собрание;
Пристапница за индивидуален член
Stay In Touch