Проект „Институционална поддршка на НФФ“
Проектот „Институционална поддршка на НФФ“ е структуриран во четири компоненти: организациски развој, развој на бизнисот, лобирање и застапување и родова еднаквост. Главниот пристап на проектот е пристап базиран врз човекови права. Специфичните цели вклучуваат: социо-економски развој во руралните области, намалување на руралната сиромаштија, претприемништво за млади и жени земјоделци, родова еднаквост, адаптација на земјоделството кон климатските промени, проширување на пазарите за земјоделски производи и создавање правна и деловна рамка за развој на земјоделството, поддршка на процесите за пристапување во ЕУ.
Главната цел на проектот „Институционална поддршка на НФФ“, кој е поддржан од Шведската организација за развој „We Effect“, е да се развие Националната федерација на фармери како национална мрежа за лобирање и застапување на интересите на земјоделците во земјата, со цел претставување на гласот на земјоделците во реализирање на нивните права и заеднички интереси.
Проект „From Disability to FoodAbility”
Проектот „From Disability to FoodAbility“ има за цел да придонесе за подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Во рамките на проектот ќе бидат мапирани 30 семејствa во чии семејни дворови ќе бидат изградени градини или пластеници за производство на земјоделски производи.
Целната група на проектот ја сочинуваат најмалку 60 лица со попреченост, како и нивните семејства, односно ќе се изврши директно влијание врз околу 250 лица. Покрај тоа, 150 луѓе што живеат во рурални области ќе бидат обучени за застапување, односно разбирање и лобирање за правата и потребите на лицата со попреченост. Дополнително, преку комуникациските канали на НФФ ќе бидат информирани повеќе од 10 000 лица.
Проектот се спроведува со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост, во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.
Проект „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и малите производители на храна од руралните области со цел зголемување на нивните приходи“
Проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и малите производители на храна од руралните области со цел зголемување на нивните приходи“поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој– Sida и Шведската организација за развој We Effect. Очекуваните резултати од проектот се следниве: раст на претпријатијата во руралните средини, малите фармери, да се зголемат и да обезбедат повеќе приход и можности за вработување во руралните средини, а посебно за жените и младите и зголемен организациски капацитет и финансиска стабилност на НФФ.
Фокусот е да се обезбеди организациски развој и финансиска одржливост за да се продолжат лобирањата и активизмот на организацијата, но и да се развијат нови услуги што ќе обезбедат нови извори на приход. Преку повторно воспоставување и воведување алтернативни пазарни врски за земјоделците, создавање центри за храна и обезбедување економски перспективи за ранливото население кое ги вклучува жените, младите од руралните средини, се нудат решенија кои ќе го подобрат живеењето и ќе ги заштитат ранливите категории луѓе сега и во иднина.
Проект „Поддршка за онлајн продажба на земјоделците и јакнење на гласот на жените од руралните средини“
Проект „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“
Проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија“ има за цел да го зајакне капацитетот на руралните и маргинализираните заедници во земјава со тоа што ќе обезбеди брз и ефикасен одговор на нанесените економски штети од пандемијата и ќе им го отвори патот кон прилагодлив, инклузивен и одржлив развој.
Во таа насока, проектот работи на промовирање на самоодржливи системи за обезбедување со храна, кои ќе бидат родово сензитивни и еднакво достапни за сите. Преку повторно воспоставување и воведување на алтернативни пазарни врски за земјоделците, создавање центри за храна и обезбедување на економски перспективи за ранливото население кое ги вклучува жените, младите и ромската заедница, се нудат решенија кои ќе го подобрат живеењето и ќе ги заштитат ранливите категории на луѓе сега и во иднина. проектот Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија, кој е финансиран од Шведската амбасада во Република Северна Македонија и се имплементира од страна на Шведската организација за развој We Effect заедно со Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој и Националниот ромски центар.
Националната федерација на фармери е дел од рагионалната кампања „Зајакнати жени, зајакната економија“ подржана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH во рамките на проектот „Поддршка на диверзификација на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа“ и GIZ Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Правни реформи.
Националната платформа за женско претиемништво
Проект: Националната платформа за женско претиемништво, финансирана од ИПА програмата (Програма за претпристапна помош) на Европската Унија за граѓанско општество и медиуми, за да се интензивираат дијалогот, структурната соработка и довербата помеѓу женското претприемништво, , националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.
Главната цел на платформата е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спојување во единствена мрежа, што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Исполнувањето на главната цел ќе придонесе за позиционирање на националната платформа и ќе резултира во подобри политики за женско претприемништво и неговиот удел во создавањето работни места, со што ќе влијае врз зајакнување на економскиот развој.
Проценка на одржливоста на земјоделските стопанства во контекст на климатски – паметно земјоделство
Националната федерација на фармери (НФФ), во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), спроведе истражување на тема „Проценка на одржливоста на земјоделските стопанства во контекст на климатски-паметно земјоделство“, кое е дел од проектот на ФАО „Одржлива продуктивност во земјоделството во контекст на климатски-паметно земјоделство и агроекологијата“.
Соработка JICA НФФ
Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA , преку соработката за поддршка на мали фармери која се реализира со Министерство за земјоделство и шумарство и водостопанство , во соработка со Националната
федерација на фармери , доделува опрема која ќе помогне во подобрување на условите за производство и економско јакнење на малите земјоделци.
Stay In Touch