Мрежа на Млади Фармери
Мрежата на млади фармери е формирана од потребата за поголемо вклучување на младите фармери на возраст до 40 години во донесувањето на одлуки и законски регулативи со цел јакнење и подобрување на нивната општа состојба и побрзо интегрирање во се општествените промени со цел да одговорат на разните предизвици кои ги очекува во секојдневието.
Мрежата на млади фармери нема статус на правно лице и функционира во рамките на НФФ и се залага младите фармери да се интегрираат и здобијат преку: меѓусебна поддршка, волонтирање, промоција на младите како ресурс, младински активизам, младинска партиципација, транспарентност, демократија и меѓусебна доверба, организирање и нивно вклучување, информираност, застапување и лобирање за младинската рурална политика.
- Организирање и вклучување на младите фармери;
- Меѓусебна доверба и соработка помеѓу членовите;
- Дружење и забава;
- Поделба на одговорности;
- Координација и континуирана работа;
- Тимска работа;
- Транспарентност;
- Демократија;
- Информираност;
- Промоција на младите фармери како ресурс;
- Застапување и лобирање за интересите на младите фармери.
Кординатор на Мрежата на млади – фармери: Васил Коцевски, член на УО на НФФ
Регионални координатори :
- Аџибајрам Даци за гостиварско -дебарски регион,
- Деспина Крстевска за скопски регион,
- Илчо Маџовски за кривопаланечки регион,
- Дубравка Ѓилас за тетовски регион,
- Георгиевски Лазе за преспанско – пелагониски регион,
- Метин Куртов за радовишки регион.
МИСИЈА :
Мрежата на млади фармери ги развива лидерските и претприемачки вештини на младите фармери во Македонија, ја поттикнува тимската работа и комуникацијата помеѓу нив, го подига интересот за земјоделството, и дава придонес во неговиот развој, подобрувањето на квалитетот на живеење и заштитата на животната средина.
Гоце Митев е избран за координатор за имплементација на активностите за аплицирање на порталот за волонтирање на органски фарми.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
- Развој на програми и иницијативи кои придонесуваат младите фармери да бидат поинформирани и поедуцирани;
- Зголемување и зацврстување на улогата на младите фармери во: НФФ, локалните здруженија и земјоделскиот сектор во целост;
- Промоција на земјоделството како можност за самовработување;
- Организирање на конкретни програмски активности;
- Спроведување на заеднички проекти за членовите;
- Oрганизирање на стручни обуки, семинари, работилници, конференции, студиски патувања, изложби и видео презентации;
Кој може да биде член на Мрежата на млади фармери
Секој млад човек не постар од 40 години кој е инволвиран или заинтересиран за земјоделство може да биде член во една од двете социјални мрежи во НФФ (ММФ и МЖФ) преку пополнување и доставување на пристапница и прилог дека се занимава со земјоделска дејност како и подмирување на Годишна Членарина во износ од 500 денари.
Stay In Touch