Васка Мојсовска, претседател на НФФ соговорник на промотивниот настан на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“

Васка Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери учествуваше како соговорник на промотивниот настан на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ европски проект имплементиран од Здружението за бизнис жени и GTF – Initiative for sustainable growth. Мојсовска потенцира дека НФФ посебно внимание посветува и работи на ранливите категории во руралните средини, а тоа се жените и младите и преку Мрежата на жени – фармери и фокус групите подржани од шведскиот коперативен центар We Effect работат на економски развој на жените фармери.

„Ние како Национална федерација на фармери се залагаме и работиме на поголема инволвираност на жените – фармери во креирањето на земјоделските политики и стратегии и тие како и мажите – фармери преку НФФ се членови на потсекторските групи во Министерството за земјоделство. Исто така бараме одобрените инвестиции за  руралните жени  да бидат подржани 60 % во Програмата за рурален развој, исто како и младите и тоа да биде применувано и во ИПАРД 2 Програмата. Само на ваков начин може да овозможиме економски развој на жените во руралните средини“, истакна Мојсовска на настанот.