22.10.2025

Националната федерација на фармери, во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и We Effect распишува отворен повик за ангажирање на компанија за подготовка  на две видеа (1 видео поврзано со формирање на производна група и 1 видео поврзано со остварување на социјалните права на малите земјоделци).

Задолжителни технички критериуми:
• Најмалку 3 години професионално искуство во видео продукција
• Најмалку 3 успешно реализирани анимациски проекти, по можност во областа на образованието, животната средина или земјоделството
• Вештини за изработка на видео скрипти
• Искуство во работа со невладини организации или земјоделски здруженија ќе се смета за предност

Потребни документи за аплицирање:

• Ажурирано портфолио на компанијата (со наведени претходни слични задачи и развиени видео скрипти)
• Финансиска понуда – понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ
• Потврда/декларација за односи (потпишана)

Понудите треба истовремено да се испратат на следните две е-поштенски адреси:
📧 vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk
најдоцна до 20.11.2025 година.

Сите прашања во врска со овој повик може да се испратат на е-пошта vidanka.martinovska@nff.org.mk
до 10.11.2025 година.

Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ.

4.2.1A.2.17 ToR Video Company