22.10.2025

 

Националната федерација на фармери (НФФ), како најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, планира да одржи на 4 дводневни обуки и 1 состанок на УО на НФФ во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Effect.

Планирани се вкупно 4 дводневни обуки, при што на секоја обука ќе учествуваат по 25 лица, односно вкупно до 100 учесници.

Обуките ќе се одржат на  следните датуми:

  • 28-29 Ноември 2025
  • 3-4 Декември 2025
  • 5-6 Декември 2025
  • 10-11 Декември 2025  

Обуките се наменети за едукација на земјоделци и мали оператори со храна, со фокус на стандардизација како предуслов за извоз и пласман на странските пазари како и едукација на земјоделците за безбедност на храна.

 Дополнително планиран е и 1 состанокот на Управниот одбор ќе се одржи на 16-17 Декември 2025 година, со предвидено присуство на 12 лица.

 

Предмет на понуда

Националната федерација на фармери организира четири (4) дводневни обуки, при што секоја обука ќе опфати до 25 учесници.

Користење на следните услуги за одржување на 1 (една) обука:

  1. Користење на сала – просторија за обука
  • Капацитет: 25 лица
  • Времетраење: 2 дена
  • Седење: во П поставеност
  • Опрема: проектор, платно за проектор и флипчарт табла

 

  1. Хотелско сместување
  • За 18 лица, на база 1 полу пансион по лице (сместување со појадок и вечера)
  • Со вклучен 1 безалкохолен пијалок по лице за време на вечера

 

  1. Ручек за учесниците (прв и втор ден од обуката)
  • За 25 лица (за ручек секогаш ќе има дополнителни учесници)
  • Со вклучен 1 безалкохолен пијалок по лице

 

  1. Кафе паузи
  • Вкупно 4 кафе паузи по обука
  • За 25 лица

 

  1. Вода во сала
  • флаширана вода за учесниците во текот на времетраење на обуките

 

Националната федерација на фармери организира еден (1) дводневен состанок, со 11 учесници.

 

  1. Користење на сала – просторија за состанокот
  • Капацитет: 12 лица
  • Времетраење: 2 дена ( вториот ден се завршува 15.00 часот)
  • Седење: во П поставеност
  • Опрема: проектор, платно за проектор и флипчарт табла

 

  1. Хотелско сместување
  • За 7 лица на база 1 полн пансион по лице (сместување + појадок и вечера)
  • Со вклучен 1 безалкохолен пијалок по лице за време на вечера

 

  1. Ручек за сите лица (прв ден и втор ден)
  • За 12 лица
  • Со вклучен 1 безалкохолен пијалок по лице

 

  1. Кафе паузи
  • Вкупно 4 кафе паузи
  • За 12 лица

 

  1. Вода во сала
  • флаширана вода за учесниците во текот на времетраење на состанокот

 

Содржина на понуда

Финансиска и техничка понуда

Финансиската и техничката понуда треба да содржат:

  1. Цена по лице за сместување во еднокреветна соба на база полупансион, со вклучен еден безалкохолен пијалок за време на вечерата и вклучена туристичка такса
  2. Цена за користење на опремена сала со капацитет до 25 лица за цел ден и сала со капацитет за 12 лица (доколку се нудат посебни
  3. сали за обуките и состанокот) и слика од салата и/или опис информација за капацитетот и опременоста
  4. Цена по лице за кафе пауза (кафе/чај по избор и вода)
  5. Цена за вода во сала
  6. Цена по лице за ручек (со вклучен 1 безалкохолен пијалок) и предог мени

Цената потребно е да е изразена во македонски денари (мкд) со вклучен ДДВ и информација за валидност на понудата. Доколку ДДВ-то не е вклучено во цената, Ве молиме наведете.

Рок и начин на поднесување на понуда

Краен рок за доставување на понудите е до  5.11.2025

Понудите задолжително се доставуваат на 2 (две) е-маил адреси истовремено vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.

Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.

Информации

За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 27.10.2025 година.

Критериуми за избор

Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето. Хотелот да располага со бараниот капацитет на соби за сместување на учесниците во бараните термини. Хотелот да располага со сала за одржување на обуките/состанокот во бараните термини

При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.

Начин на плаќање

Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка.
Исплатата  ќе биде извршена во рок од 3 работни дена по испорачаните услуги и доставена фактура за истите.