22.10.2025
Националната федерација на фармери, во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и We Effect, распишува отворен повик за ангажирање на експерт за безбедно производство на храна (Expert for Food Safety Production).
Задолжителни технички критериуми:
1. Образование
• Универзитетска диплома: Експертот треба да поседува најмалку диплома од прв циклус (BSc/BA) во релевантна област, како што се: бизнис администрација, маркетинг, агроекономија, наука за храна, општествени науки или друга сродна дисциплина.
2. Релевантно искуство
• Најмалку 3 години искуство во областа на безбедно производство на храна (искуство во рамките на земјоделскиот, прехранбениот или сроден сектор ќе се смета за предност).
• Најмалку 3 години искуство во спроведување активности за градење капацитети, како што се работилници, обуки или други форми на пренос на знаење – по можност насочени кон мали производители или оператори во прехранбениот сектор.
• Најмалку 3 години искуство во развој на бизнис и маркетинг, вклучително и стратегии за зголемување на видливоста и продажбата на производи.
Потребни документи за аплицирање:
• Ажурирана биографија (CV) со јасно наведени претходни слични задачи – детално наведено релевантното искуство, конкретни примери на работа поврзана со безбедност на храна и список на задачи што ја демонстрираат експертизата во организирање на обуки, работилници, стандардизација и квалификација за извозни пазари, со јасно одразување на исполнетоста на задолжителните технички критериуми.
• Финансиска понуда – со наведена бруто-дневница и вкупен бруто-хонорaр за сите работни денови, изразена во МКД, со вклучен персонален данок.
• Декларација за односи (потпишана).
Понудите треба истовремено да се испратат на следните две е-поштенски адреси:
📧 vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk,
најдоцна до 20.11.2025 година.
Сите прашања во врска со овој повик може да се испратат на е-пошта:
📧 vidanka.martinovska@nff.org.mk
до 10.11.2025 година.
Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ.
Stay In Touch