Мали оператори за храна, членови на НФФ беа дел од АГРО САЕМ Струмица , каде што владееше прекрасна атмосфера исполнета со вкусни и автентични домашни производи од мали оператори за храна – мармалади, мед, џемови, сокови, ракија, вина и путери од лешници.
Саемот беше организиран од Proagro Farmeri, а НФФ доби благодарница за континуираното учество преку своите членови – мали оператори за храна. Благодарницата ја прими Стеванче Јорданоски, претседател на НФФ, кој го посети саемот и истакна дека организацијата е горда што брои 120 регистрирани мали оператори за храна, на кои им помага преку промоција и едукација за унапредување на нивното производство и продажба.