Со гордост ја споделуваме информацијата за нашата колешка и активистка Билјана Петровска Митревска, долгогодишен борец за правата на руралните жени и земјоделците, за добиеното признание за Почесна амбасадорка за рурален развој. Ова е силна потврда дека нејзиниот труд и работа во Националната федерација на фармери – и лично и професионално – оставаат траен белег за заложбата кон еднакви можности и достоинствен живот во руралните средини.
Настанот беше исполнет со моќни сведоштва – од жени кои со храброст ги надминале животните предизвици, жени кои започнале сопствени бизниси, до жени кои одлучиле да живеат и создаваат во селата. Особено инспирира пораката на Лилана Стоилковска од Митрашинци – дека вистинскиот напредок значи да живееме во селата и да се бориме за нивниот опстанок.
Голема благодарност до здружението Јас Сум Жена за овој исклучителен настан, кој уште еднаш ги потврди вредностите и силата на македонската жена.