31.07.2025
Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Поддршка на малите земјоделци во Република Северна Македонија – Core support for NFF“, поддржан од We Effect и Шведска, распишува отворен повик за ангажирање на давател на услуги за изработка на дата база за членство за Национална федерација на фармери.
Задолжителни технички критериуми:
– Докажано искуство во развој на наменски софтвер најмалку 3 години
– Искуство во развој на безбедни и скалабилни веб/мобилни системи најмалку 3 години
– Познавање на стандарди за заштита на податоци и информатичка безбедност
– Силни референци од клиенти и портфолио
Постапка за аплицирање:
– Заинтересираните страни за оваа ТoR треба да ги достават следниве задолжителни документи: Ажурирано портфолио/биографија (CV) со јасно наведени слични работни задачи (кои ќе вклучуваат референци на документи, анализи, извештаи, истражувања и слични задачи)
– Финансиска понуда во денари (МКД) со фактура со изразено ДДВ.
– Потпишана изјава за релации
Понудите треба да се достават по електронска пошта на: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 30.08.2025. Сите прашања може да се испратат на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.08.2025.
ToR for expert for NFF Database membershipVM
Stay In Touch