На 19ти јуни, амбасадорката Кавахара ја посети канцеларијата на Националната федерација на фармери.
Применувајќи го своето знаење стекнато на обуките на ЏАЈКА (JICA), г. Стеван Орозовиќ, извршен директор и г-а Билјана Петровска Митревска, проектен менаџер, имплементираа пилот проект „Движењето едно село-еден производ“ во Тимјаник, Неготино.
На средбата се дискутираа новите предизвици како негативното влијание на климатските промени на производството и мерките кои се превземаат за овој проблем, како и можноста за идна соработка помеѓу Јапонија и Северна Македонија во земјоделството.