36 жени од руралните подрачја успешно го поминаа процесот на менторство со алатката „ProfilPASS за жени – Ние можеме!“, преку која ги открија и препознаа своите вештини и способности. 💡
Овие нови сознанија ќе им помогнат во  личниот развој,  економското јакнење и  зголемени можности за вработување, особено во  земјоделството и започнување мали бизниси за преработка на храна, како мали оператори со храна.
Менторирањето го спроведоа 12 обучени советници, кои преку Националната федерација на фармери им ја нудат оваа поддршка на жените-членки. На почетокот на годината, тие завршија напредна обука од Lifelong Learning Center / Центар за доживотно учење 🎓 како дел од зајакнувањето на нивните капацитети како ProfilPASS советници.
Методологијата „ProfilPASS за жени“ НФФ ја користи како алатка  за поддршка на жените од руралните средини, во насока на препознавање на сопствените потенцијали  и охрабрување за започнување сопствен бизнис  и економска независност. Ова е  втора група кориснички што успешно го поминаа овој процес.
Активноста е дел од проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“, имплементиран од Националната федерација на фармери, со поддршка од регионалните проекти  „Социјално вклучување на ранливите групи во Западен Балкан“ и  „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја во Југоисточна Европа“, спроведени од ГИЗ – Германско друштво за меѓународна соработка.