Во периодот од 6 до 8 мај во Скопје, Националната федерација на фармери беше домаќин на регионален состанок на Платформата за подобрување на економскиот и социјален статус на руралните жени од Западен Балкан .
Со учество на организации од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора,  Косово,  Албанија и  Македонија, три дена активно се дискутираше за:
 изработка на CEDAW shadow извештаи,
 застапување на правата на жените од село,
 заеднички активности за лобирање и застапување и
 организирање на регионална конференција во текот на есенскиот период!
 CEDAW извештаите се силна алатка за да се слушне гласот на руралните жени, а нашите препораки ќе бидат дадени до Мисииите на ЕУ и CEDAW комитетот за да бидат дел од извештаи на нашите држави кон Европската Унија .
 Платформата, составена од 9 организации од Босна и Херцеговина,Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија претставува регионална мрежа што работи на заедничка визија – еднакви права, економска независност и видливост на жените во руралните средини!
Активноста е реализирана во рамките на проектот Core support поддржан од We Effect.