17.04.2025

 

1.Вовед

 

Националната федерација на фармери (НФФ), како најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, планира организација на три еднодневни обуки во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Effect.

Обуките ќе се одржат на 28.05.2025, 29.05.2025 и 30.05.2025 година, со цел едукација на земјоделците / мали оператори за храна во делот на етикетирање, брендирање, пазарни можности, пазарна динамика и побарувачка за постојните потсектори за мали фармери, како и можноста за формирање на групи на производители. На секоја обука се предвидува учество на 12 земјоделци, односно вкупно 36 учесници.

Со цел одржување на овој настан НФФ има потреба од ангажирање на хотел за одржување на 3 еднодневни обуки, кои ќе се одржат на 28.05.2025, 29.05.2025 и 30.05.2025.

 

2. Предмет на понуда

 

Национална федерација на фармери за потребите на одржување на трите еднодневни обуки  има потреба од:

  1. Користење на салa за работилницата со капацитет за 15 лица за три дена

Поставеност на седење во П систем со проектор и флипчарт табла,за 28.05.2025, 29.05.2025 и 30.05.2025,

  1. Кафе пауза за 15 лица (вкупно 6 кафе паузи, односно 2 кафе паузи на ден)
  2. Вода во сала за учесниците за времетраење на работниот состанок
  3. Ручек за 15 лица (вкупно 3 ручеци/ 1 на ден)
  4. Флипчарт, проектор за во сала 
  • Содржина на понуда
  • Финансиска понуда

 

Финансиската понуда треба да содржи:

 

  • Цена за користење на опремена сала, флипчарт и проектор. Салата да е со капацитет за 15 лица за цел ден.
  • Цена за кафе пауза (кафе/чај по избор и вода) по лице
  • Цена за вода во сала (1 вода во сала за секој учесник)
  • Цена за ручек по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок)

 

Цената потребно е да е изразена во македонски денари (мкд) со вклучен ДДВ. Доколку цената е изразена во евра, истата ќе се пресметува според продажен девизен курс на денот на поднесување на понудата.

Доколку ДДВ-то не е вклучено во цената, Ве молиме наведете.

  • Изјава за непостоење на конфликт на интерес. Хотелот треба на меморандум во слободна форма да достави потпишана изјава во која ќе наведе дали има остварено претходна соработка со Национална федерација на фармери и/или нејзини вработени лица,дали постојат лични/деловни односи со вработените и менаџментот на организацијата и нејзини тесно поврзани страни. Дополнително во вториот дел на изјавата треба да се наведе дали за поднесување на понудата постои/непостои судир на интереси (скенирана копија).

 

3.Рок и начин на поднесување на понуда

Краен рок за доставување на понудите е до  30.04.2025

Понудите задолжително се доставуваат на  е-маил адреса vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.

 

Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.

 

4.Информации

За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 24.04.2025 година.

 

5.Критериуми за избор

Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.

 

При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.

 

6.Начин на плаќање

Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка.
Исплатата  ќе биде извршена во рок од 3 работни дена по испорачаните услуги и доставена фактура за истите.