Националната федерација на фармери со големо задоволство Ве поканува на Саемот на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“ – уникатен гастрономски настан што ги слави автентичните вкусови на Македонија и ја истакнува вредноста на локалното производство!
📅 Датум: 15 март 2025 (сабота)
📍 Локација: Скопје City Mall, прв кат
🕙 Време: 10:00 – 19:00 часот
Ако сте љубител на добрата храна, ова е вистинската прилика да уживате во домашно подготвени специјалитети: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје. Откријте ги богатите ароми и тајните рецепти кои нашите рурални заедници ги негуваат со генерации!
Овој саем не е само место за дегустација – тој е платформа за поддршка на малите земјоделци, порака за значењето на локалната храна, но и можност да станете дел од иницијативата за поквалитетен и поодржлив начин на исхрана.
Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall и е дел од манифестацијата City Bazar. Саемот е поддржан од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.
Stay In Touch