НФФ активно учествуваше на трибината “Жените во рурална средина – развој, зајакнување и сопирање родово-базирано насилство” организирана од Министерството за труд и социјална политика, во рамките на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените. Трибината се одржа во Неготино, а на неа присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер, Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Вангелина Пармачка, членка на УО на НФФ и Билјана Митревска, проект менаџерка на НФФ, како и рурални жени, членки на Национална Федерација на фармери. Оваа трибина беше дел од кампањата “Сложувалка”, тука беше укажано на предизвиците на жените во руралните средини, како и мерките и програмите на МЗШВ наменети за земјоделките со кои се овозможува економско јакнење на руралните жени. Јасна порака беше пренесена на трибината дека  институциите и невладиниот сектор интензивно треба да работат за подобрување на статусот на жените во руралните заедници.