Членки од Мрежата на млади фармери во Националната федерација на фармери се дел од дводневниот Регионален форум за младата рурална заедница во Европа, кој се одржува во Будимпешта.

Преку организацијата на ФАО, нашите претставнички Наталија Кировска и Марија Пармачка го споделија своето искуство од работата во руралните средини и ги презентираа своите заложби за поддршка на младите да останат во руралните региони.

Форумот е посветен на слушање на проблемите и предизвиците со кои се среќаваат младите во руралните заедници како и создавање на платформа за размена на искуства и идеи, со цел креирање на политики и решенија што ќе ја подобрат секојдневицата на младите фармери.