Проект: „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и   производители од руралните области со цел зголемен приход“

Датум на објава:28.03.2023

Позадина

Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни играчи во секторот земјоделство и агробизнис.

Националната федерација на фармери го прошири опсегот на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, организацијата ќе продолжи да ги зајакнува и поддржува ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка за младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно делување.

Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој, односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствените услуги, образованието, правото за информирање и моќ на одлучување.

Главниот столб на дејствување е лобирање за дефинирање на проблемите од терен и со заедничка работа и анализа ќе се презентира пред надлежните институции за изнаоѓање заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

Фокусот на Националната организација на фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото што го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е – ПРОФИТАБНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО.

Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“ кој е поддржан од Sida и We Effect.

Очекуваните резултати од проектот се следните:

Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци/производители, растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните средини, особено за жените и младите. Фокусот овде ќе го олесни пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, пазарните врски за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци/производи, што доведува до низок приход на руралната целна група, што ги турка во сиромаштија.

Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ. Како организација заснована на членство, НФФ ги застапува интересите на земјоделците и руралното население во земјата. Таа има развиено членство со збир на бесплатни услуги на кои само членовите имаат право. Во последните неколку години како резултат на претходниот проект за Институционална поддршка на НФФ, организацијата ја подобри својата внатрешна организација, управување, воведе процедури, книга на правила, книга на однесување и други административни и управувачки алатки кои ги подобрија перформансите и влијанието на нашата работа. Фокусот овде е организацискиот развој и финансиската одржливост како клучна за да се продолжи со активностите за лоби и застапување и да се развијат нови услуги за да се обезбедат нови извори на приход.

Предмет на набавка

Ангажирање на компанија за дизајн и печатење на едукативен и информативен материјал (списание Моја земја , списание Тока Име и Годишен извештај на НФФ за 2022) во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и   производители од руралните области со цел зголемен приход“

Предмет на испорака е детално наведен во табелата подолу

Листа за набавка- техничка спецификација
Продукт Техничка спецификација Количина Услуга
1 Годишен извештај на НФФ 2022 Дизајн и печатење, публикација во две бои, формат B5, вкупно 16 страни, двострано, на англиски и македонски јазик 500 копии Дизајн и печатење
2 Списание Моја земја (прво издание) 28страни, мултиколор публикација на македонски јазик 500 копии Дизајн и печатење
3 Списание Моја земја (второ издание ) 28страни, мултиколор публикација на македонски јазик 500 копии Дизајн и печатење
4 Списание Моја земја (трето издание ) 28страни, мултиколор публикација на македонски јазик 500 копии Дизајн и печатење
5 Електронско списание Toka Ime  (прво издание) 32 страни, мултиколор списание на Албански јазик N/A Дизајн  и електронска публикација
6 Електронско списание Toka Ime (второ издание) 32 страни, мултиколор списание на Албански јазик N/A Дизајн  и електронска публикација

 

Очекувано времетраење на договорот

Избраниот добавувач ќе биде ангажиран од 10ти Април 2023 – 25 декември 2023Координација и известување

Добавувачот ќе известува директно до Координаторот за организациски развој за извршената работа во договорениот период согласно ТоР.

Услови за квалификација

Задолжителни технички критериуми:

  • Минимум 5 години професионално искуство во дизајн и печатење на информативни и едукативни материјали
  • Портфолио за завршени 3 слични или идентични испораки поврзани со предметот на набавката

Процедура за аплицирање:

Компаниите за аплицирање на овој повик мора да ги достават следните документи :

  • Ажурирано портфолио на компанијата(кое укажува на работа на слични ангажмани)
  • Тековна состојба на компанијата издадена од Централен регистар на РСМ не постар од 6 месеци
  • Финансиска понуда. Понудата да биде изразена во денари со вклученоДДВ
  • Потпишана декларација за непостоење на конфликт на интерес

Понудите да бидат доставени на следните е-маил адреси nff@nff.org.mk and angela.samardzik@nff.org.mk  најдоцна до  07.04.2023.

Евалуација на понудите

Понудите со нецелосна документација и/или понуди пристигнати по крајниот рок нема да бидат земени во предвид.

Понудите ќе бидат евалуирани врз основа на следните критериуми:

Принципот на најдобра вредност за парите ќе се земе предвид со користење на метод на бодување за да се оцени комбинацијата на професионално портфолио, т.е. претходно искуство (40%) и финансиска понуда/предлог (60%)

Услови на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршување на задачата и по поднесување на очекуваните испораки. Откако дизајнираниот и печатен материјал ќе биде испорачан од ангажираниот добавувач согласно временската рамка на ТоР и испораката ќе биде одобрена од координаторот за организациски развој, ќе се исплати договорен износ.

Изјава за односи

Добавувачот ќе опише дали нивната организација/вработени имаат какви било деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и We Effect, нејзината регионална канцеларија во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на клиентот (НФФ).

Тесно поврзана страна  (физичко или правно лице) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Изјавата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.

ToR company for design and print of informational educational material for NFF MSD

Декларација за непостење конфликт на интерес со<br /> Национална Федерација на Фармери и We Effect